Dream Scenario

ИНФОРМИРАЈТЕ ГИ ВАШИТЕ КЛИЕНТИ ДЕКА...

може да користат Max на своите телевизори или на кои било други омилени уреди.
ПОТРЕБНИ СЕ САМО НЕКОЛКУ СЕКУНДИ за да се најават во апликацијата и да ПРИСТАПАТ ДО НЕВЕРОЈАТНИ СОДРЖИНИ. Култни серии, наградувани филмови, нови оригинали, семејни фаворити и најдобра забава за секакво расположение.

Помош за корисниците да пристапат до Max

Регистрација на нов корисник

  • Чекор 1

    Чекор 1

    ИЗБЕРИ „ПРЕТПЛАТИ СЕ ВЕДНАШ“
  • Чекор 2

    Чекор 2

    СКЕНИРАЈ ГО QR-КОДОТ НА ПАРТНЕРОТ СО СВОЈОТ МОБИЛЕН УРЕД
  • Чекор 4

    Чекор 3

    СКЕНИРАЈ ГО QR-КОДОТ И ЌЕ СЕ ОТВОРИ ВЕБ-ЛОКАЦИЈАТА НА ПАРТНЕРОТ
  • Чекор 5

    Чекор 4

    НАЈАВИ СЕ СО ПОДАТОЦИТЕ ЗА НАЈАВА НА ПАРТНЕРОТ
  • Чекор 3

    Чекор 5

    ПРЕТПЛАТИ СЕ И АКТИВИРАЈ ГО MAX
  • Чекор 7

    Чекор 6

    СОЗДАЈ СМЕТКА НА MAX
  • Чекор 6

    Чекор 7

    НАЈАВИ СЕ НА ТВОЈАТА СМЕТКА НА MAX

Најава на постоечки корисник со помош на QR-код

  • Чекор 1

    Чекор 1

    КЛИЕНТОТ ГО СТАРТУВА MAX НА СВОЈОТ УРЕД SET-TOP BOX И СЕ ПОЈАВУВА ЕКРАН ЗА ДОБРЕДОЈДЕ, А ПОТОА ЈА ИЗБИРА ОПЦИЈАТА ЗА НАЈАВУВАЊЕ
  • Чекор 2

    Чекор 2

    НА КОРИСНИКОТ МУ СЕ ПРИКАЖУВА ОПЦИЈА ЗА СКЕНИРАЊЕ НА QR-КОДОТ ИЛИ ЗА РАЧНО ВНЕСУВАЊЕ НА КОДОТ ЗА АКТИВИРАЊЕ ЗА ДА СЕ НАЈАВИ
  • Чекор 4

    Чекор 3

    КОРИСНИКОТ ГО СКЕНИРА QR-КОДОТ
  • Чекор 5

    Чекор 4

    ПРЕНАСОЧУВАЊЕ НА СТРАНИЦА ЗА НАЈАВУВАЊЕ НА МАX
  • Чекор 6

    Чекор 5

    НАЈАВИ СЕ СО ПОДАТОЦИТЕ ЗА НАЈАВА НА МАX
  • Чекор 7

    Чекор 6

    ПО НАЈАВУВАЊЕТО, АПЛИКАЦИЈАТА НА УРЕДОТ SET-TOP BOX ЌЕ ЈА ОТВОРИ СТРАНИЦАТА НА ПРОФИЛОТ
  • Чекор 3

    Чекор 7

    КОРИСНИКОТ ГО ИЗБИРА СВОЈОТ ПРОФИЛ ИЛИ СОЗДАВА НОВ ПРОФИЛ ПО ЖЕЛБА

Најава на постоечки клиент преку Wi-Fi мрежа

  • Чекор 1

    Чекор 1

    АКО КОРИСНИКОТ ЈА ИЗБЕРЕ ОПЦИЈАТА „ПОВРЗИ СЕ СО ПОМОШ НА WI-FI“ И СЕ НАЈАВИ НА АПЛИКАЦИЈАТА MAX НА МОБИЛЕН УРЕД КОРИСТЕЈЌИ ЈА ИСТАТА БЕЗЖИЧНА МРЕЖА КАКО И УРЕДОТ SET-TOP BOX ЗА ТЕЛЕВИЗОР СО ANDROID, ТОЈ ЌЕ МОЖЕ НЕПРЕЧЕНО ДА СЕ НАЈАВИ НА АПЛИКАЦИЈАТА ЗА УРЕДОТ SET-TOP BOX
  • Чекор 3

    Чекор 2

    ДЕТЕКТИРАЊЕ БАРАЊЕ ЗА НАЈАВУВАЊЕ
  • Чекор 4

    Чекор 3

    ИСПРАТИ БАРАЊЕ ЗА НАЈАВУВАЊЕ НА STB НА ТЕЛЕВИЗОР СО ANDROID
  • Чекор 5

    Чекор 4

    НАЈАВУВАЊЕТО Е ЗАВРШЕНО
  • Чекор 2

    Чекор 5

    ИЗБЕРИ ПРОФИЛ ИЛИ СОЗДАЈ НОВ ПРОФИЛ ПО ЖЕЛБА

Лесно е да се гледа Max

Телевизор
Телевизор
Amazon Fire TV
Android TV
Apple TV
Chromecast
LG Smart TV
Samsung TV
Компјутер
Компјутер
Chrome OS
Mac OS
Windows PC
Конзола за игри
Конзола за игри
PS4
PS5
XBOX Series X|S
XBOX One
Мобилен телефон <br />и таблет
Мобилен телефон
и таблет
Таблет Amazon Fire
Телефон и таблет
со Android
Apple iPhone, iPad и
iPod Touch
Apple Vision Pro

ОПШТО

Што е Max?

1. Max нуди повеќе содржини, за секое расположение и за целото семејство. Спојува на едно место врвни содржини и култни брендови од уникатната колекција на Warner Bros. Discovery. Max е дом на најквалитетна забава од сите жанрови и категории вклучувајќи:
  • ТВ серии
  • Филмови
  • Документарци
  • Детски програми
  • Спортски преноси

Која е разликата помеѓу HBO Max и Max?

1. Max е стриминг платформа на WBD во Европа и ја прикажува нашата визија за стримингот.

2. Max e единствена комбинација од HBO, WB, DC, Discovery Channel, TLC, ID, HGTV, детски содржини, Eurosport и Олимписки игри во Париз 2024 година и преноси во живо од мрежни и локални продукции во одбрани земји.

Зашто се менува името во Max? Што ќе се случи со HBO?

1. Max го проширува досегот и потенцијалната база на претплатници со покана до нив да ја искусат нашата опсежна понуда на содржини без притоа да треба дополнително да се оптоварува HBO брендот.

2. HBO има истакната позиција во Max како водечки бренд што им овозможува корисниците, преку навигација, да пронајдат одбрани HBO содржини со само еден клик.

Во кои европски земји ќе биде достапен Max?

1. На 21 мај, Max прво ќе стартува во Скандинавија, на Пиринејскиот полуостров и во Централна и Источна Европа.
  • Тоа значи Max ќе биде достапен во Андора, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешка, Данска, Финска, Унгарија, Молдавија, Црна Гора, Северна Македонија, Норвешка, Португалија, Романија, Србија, Словачка, Словенија, Шведска и Шпанија.

2. Услугата во Полска, Холандија, Франција и Белгија ќе стартува малку подоцна. Датумите за лансирање ќе бидат потврдени во догледно време.
  • Франција и Белгија се првите две земји во кои WBD стартува стриминг услуга во последните две години.

3. По тие лансирања, Мах ќе биде достапен во 25 европски земји.

4. Дополнителни територии на кои Max ќе биде достапен се: Монако, Гвадалупе, Француска Гвајана, Реунион, Мајот, Мартиник, Свети Мартин, Француска Полинезија, Нова Каледонија, Свети Вартоломеј, Свети Петар и Микелон, Валис и Футуна, Француски Јужни и Антарктички земји.

СПОРТ И ВЕСТИ

Дали Max ќе нуди преноси во живо од спортските настани во Европа?

1. Max ќе емитува спортски настани во живо и на барање во сите европски земји каде услугата ќе биде достапна.

2. Овој јули, Max ќе биде ексклузивно место на кое ќе може да ги гледате сите случувања на Олимписките игри во Париз 2024 – на сите европски пазари каде Мах е достапен.
  • Следењето на Олимписките игри во Париз 2024 ќе биде вклучено во сите понуди што е пресвртница за фановите.

3. Дополнително, Eurosport ќе нуди покривање на тениските Grand Slam турнири и главните велосипедски трки Grand Tour кои ќе бидат достапни на Max со нашиот спортски додаток кој може да се додаде на која било претплата. (Правата за пренос ќе зависат од земја до земја).
  • Преносите во живо на спортските настани претставуваат извонредна можност и го прават Max посебен.

4. WBD Sports е дом на најпосакуваните спортски права во ЕМЕА регионот.
  • Имаме повеќе од 100 милиони претплатници секој месец во регионот на ЕМЕА... во повеќе од 154 милиони домови низ Европа, на 54 територии и на 21 различен јазик.

Што ќе се случи со Eurosport Premium SVOD услугата на во Европа?

1. Одлучивме потполно да се посветиме на Max и со оглед дека претплатниците сакаат едноставност, Eurosport Premium SVOD услугата ќе се исклучи на европските пазари каде ќе биде достапен Мах. По лансирањето на Мах, услугата ќе се затвори пред Олимписките игри Париз 2024.

2. Корисниците ќе може да се претплатат на Max (на пазарите каде е достапен) за да продолжат со гледање.

3. Eurosport premium SVOD услуга: На пазарите каде Max и discovery+ не се достапни (на пример: Грција) деталите за гледање на Париз 2024 ќе бидат објавени подоцна.

4. discovery+ ќе продолжи со комплетен пренос на Олимписките игри во Париз 2024 во Велика Британија, Ирска, Германија, Австрија, Италија според планираното.

Дали Олимписките игри во Париз ќе бидат достапни на унпредената стриминг услуга во Франција и Белгија?

1. Да, Max/HBO Max ќе биде единствената платформа во Франција и Белгија каде ќе може да се следи целосниот пренос на Олимписките игри во Париз 2024, во живо и на барање.

Дали Eurosport ќе биде достапен за гледање на Max во Европа?

1. Да, сите покривања на спортски настани вклучувајќи ги и Eurosport 1 и Eurosport 2 ќе бидат достапни за гледање на Max во Европа преку нашиот спортски додаток кој може да се додаде на која било претплата. Правата ќе зависат од земја до земја.

Дали ќе има вести од CNN/CNN Max на Max во Европа?

1. Мах во Полска и Франција ќе стартува со вести во живо од меѓународната линеарна мрежа на CNN. Планираме да експериментираме и да учиме од ова на ист начин како што направивме со лансирањето на CNN Max во отворениот бета тест во САД.

2. CNN Max во почетокот нема да биде достапен на Max. Но, како и кај секоја нова услуга, континуирано ќе проверуваме што се нуди и бара.

ПРОГРАМА И СОДРЖИНА

Каква стратегија има Max во врска со содржините?

1. Max ќе има извонредни приказни за секого со разновидна колекција на содржини со врвен квалитет од сите жанрови и формати. Помеѓу другото, ќе биде присутно големото семејство на легендарни WBD брендови како HBO, WB., DC, Discovery, Eurosport, ID, Cartoon Network како и најомилените франшизи на фановите низ светот вклучувајќи ги Игра на тронови (Game of Thrones), волшебниот свет на Хари Потер, Теоријата на големиот пукот (Big Bang Theory), супер хероите на DC, ликовите од Looney Tunes, Рик и Морти, Голи и уплашени (Naked and Аfraid), Деведесет дена до венчавка (90 Day Fiancé) и многу други.

WBD ја ограничува својата посветеност на оригинална локална продукција во Европа. Дали ќе има локални содржини?

1. WBD е посветен на вложувања во илјадници часови оригинални европски содржини вклучувајќи сопствена продукција и аквизиција од различни жанрови и од многу земји.

2. Како и секоја компанија за медиумска забава, ние правиме приоритет помеѓу трошоците со оглед дека не е можно да се направи сè. Како и да е, нашите инвестиции се значајни и имаме големи амбиции да ја зајакнеме нашата позиција како водечки играч во EMEA регионот и да овозможиме висококвалитетни локални содржини.

Какви детски содржини ќе понуди Max?

1. На почеток ќе бидат достапни повеќе од 1500 часови детски содржини на Max. Подоцна, ќе има премиери на повеќе од 100 часови нови епизоди во првите 12 месеци по лансирањето.

2. Главна ѕвезда на содржините ќе биде Gremlins: Secrets of the Mogwai, серија во 10 продолженија во продукција на Amblin Entertainment и Warner Bros. Animation Studios каде како извршен продуцент се појавува Стивен Спилберг.

3. Нашата колекција се состои од светски познати и омилени ликови на Cartoon Network Studios, Warner Bros. Animation Studios и Hannah Barbera Studios Europe (сместено во Лондон). Ова ги вклучува:
  • Том и Џери (Tom & Jerry)
  • Шашави цртани (Looney Tunes)
  • Титани тинејџери, одиме! (Teen Titans Go) (од DC universe)
  • Batwheels (од DC universe)
  • Скуби-ду (Scuby Doo)
  • Чудесниот свет на Гамбол (The Amazing World of Gumball)
  • Време е за авантура (Adventure Time)

4. Многу е важно децата во Европа да гледаат ликови и приказни кои ги рефлектираат нивното лично искуство и живот. Затоа, околу 50% од новите содржини се нарачани или откупени од независни трети студија со седишта во Европа. Ова ги вклучува и добро познатите наслови Гризи и леминзите (Grizzy and the Lemmings) и Totally Spies.

5. Исто така, откупивме права за прикажување на детски содржини од трети студија за кои знаеме дека децата ги сакаат. На пример, Прасенцето Пепа (Peppa Pig) и Лего Нинџаго LEGO Ninjago ќе бидат достапни од самото стартување на услугата.

ПРЕТПЛАТА И ЦЕНИ

Основен со реклами

1. Оваа претплата ќе им овозможи на корисниците да уживаат во Max по пониски цени и ќе вклучува реклами.

2. Оваа претплата со реклами ќе стартува на девет пазари, а потоа ќе биде достапна и на други пазари.
  • Оваа претплата прво ќе биде достапна во Норвешка, Шведска, Данска, Финска, Холандија, Романија, Полска, Франција и Белгија.

3. Корисниците ќе може да гледаат содржини на 2 уреди истовремено.

4. Содржините ќе бидат достапни во Full HD резолуција.

*Каналите и содржините во стандардна и премиум претплата, како и спортскиот додаток, може да содржат реклами. Содржините на барање во сите претплати може да вклучуваат спонзорство и пласман на производи.

Стандарден

1. Корисниците ќе може да гледаат содржини на 2 уреди истовремено.

2. Содржините ќе бидат достапни во Full HD резолуција.

3. Оваа претплата ќе овозможува до 30 преземања на содржини кои ќе може да се гледаат офлајн.

Премиум

1. Овозможува најдобро корисничко искуство

2. Корисниците ќе може да гледаат содржини на 4 уреди истовремено.

3. Содржините ќе бидат достапни во Full HD или 4К резолуција и со Dolby Atmos звук за содржини кои имаат таква можност.

4. Оваа претплата ќе овозможува до 100 преземања на содржини кои ќе може да се гледаат офлајн.

Спорт

1. Спортскиот додаток ќе им донесе на фановите опсежна покриеност на главните меѓународни и европски спортски настани, вклучувајќи ги сите тениски Грен Слем турнири: Australian Open, Roland Garros и US Open, трите Grand Tour трки во велосипедизам Giro d’Italia, La Vuelta a España и Tour de France, потоа Tour de France Femme, 24 часа Le Man и секој значаен зимски спортски настан на Светските првенства и во Светскиот куп. Правата за прикажување варираат од земја до земја.

МИГРАЦИЈА

Дали аватарите, податоците за плаќање и претходните преземања ќе бидат автоматски префрлени?

1. Претходните профили и аватари, историјата на гледање, поставките, категоријата „Продолжи со гледање“ ќе им бидат на располагање и на Max корисниците. Претходно симнатите содржини нема да бидат префрлени и корисниците на Max ќе треба одново да ги преземат на новата апликација.

2. Претплатниците кои имаат ограничување на возраста на своите HBO Max профили ќе мора одново да ги проверат поставките за старосно ограничување за да бидат сигурни дека тие или членовите на семејството може да ги гледаат само оние содржини кои одговараат на нивната возраст.

Дали профилите од HBO Max поради персонализацијата ќе се префрлат веднаш при стартување на услугата Max? Или персонализираните податоци ќе се зачувуваат од моментот кога корисниците ќе започнат со користење на Max, а нивните претходни персонализирани избори нема да бидат вклучени?

1. Корисниците на Max ќе имаат персонализирано искуство од моментот на користење на платформата врз основа на она што претходно го гледале.

2. HBO Max корисниците ќе може да откриваат нови функционалности на платформата задржувајќи ги своите моментални профили, поставки и историја на гледање и ќе може да го продолжат патувањето на Max од таму каде што застанале.

Дали корисниците ќе имаат пристап до Max во странска земја?

1. Корисниците на Max и HBO Max корисниците во Холандија и Белгија ќе може да пристапат на платформата на Max во земји каде е достапен како и во регионот на ЕЕА согласно правилата потпишани со Уредбата за преносливост.

2. Маx e достапен во Max териториите во Европа, 39 територии во Латинска Америка и Карибите и во САД. Кога Max ќе стартува во други земји услугата ќе биде достапна согласно глобалните регулативи за роаминг и преносливост.

Што ќе се случи со HBO Max? Дали ќе престане да постои?

1. На денот на лансирање, корисниците или ќе добијат автоматски ажурирана Max апликација или ќе мора да ја преземат ажурираната Max апликација за да добијат пристап до проширената колекција на содржини.

2. Корисниците кои ќе треба да ја преземат новата Max апликација, по инсталацијата, ќе може да ја избришат HBO Max апликацијата од нивниот уред. Ако претплатниците пристапуваат до услугата преку веб, тогаш ќе бидат автоматски пренасочени на Max.

Дали HBO претплатниците на линеарни канали кои сега имаат имаат пристап до HBO Max преку провајдери ќе имаат пристап и до Max? И ако имаат, дали ќе има зголемување на цената на услугата?

1. Доколку сега имаш пристап до HBO Max преку кабелски или сателитски ТВ пакет, те молиме обрати се до локалниот оператор за да добиеш информации во врска со пристапот до Max и дополнителни детали.

ПРОДУКТИ И ТЕХНОЛОГИЈА

На кои платформи ќе биде достапен Max?

1. Max ќе биде достапен на многу уреди. За список на поддржани уреди, оперативни системи и интернет пребарувачи во Европа погледни го списокот подолу или посети го нашиот Центар за помош.

2. Имај предвид дека достапноста на платформата варира од земја до земја.
  • Chrome (Најнова верзија)
  • Safari (13 или понова верзија)
  • Firefox (Најнова верзија)
  • Edge (Најнова верзија)
  • Android OS (5.1 или понова верзија)
  • Apple iOS/iPadOS
    - OS 14 или понова верзија
    - iPhone 6s или понова верзија
    - iPad Air 2 или понова верзија)
  • Fire Tablet OS (5.0 или понова верзија) – Ново на Max
  • Chromecast Gen 1 & 2 (Сите генерации)
  • Fire OS (15) – Ново на Max
  • LG (Web 3.5 или понова верзија)
  • Roku OS (11, сите уреди со исклучок на Tyler and Sugarland) – Само во Франција
  • Amazon Fire TV (cube, stick, TV) (Fire OS 5.0 или понова верзија) – Ново на Max
  • Android TV (OS 5.1 или понова верзија)
  • Apple TV (tvOS14 или понова верзија)
  • Samsung TV’s (2016 модели или понови верзии)
  • LG TV’s (Web 3.5 или понова верзија)
  • Xbox (Xbox 1 и Xbox Series X)
  • PS4/PS5

Кои функционалности ќе бидат достапни при стартување на услугата?

1. Max ќе донесе ново стриминг искуство во Европа со неспоредлива колекција која ќе вклучува двојно повеќе содржини во споредба со понудата на HBO Max – на многу помоќна платформа со многу повеќе персонализирани функционалности со што ќе ги покани корисниците да ги најдат нивните омилени приказни и да откријат нова страст.

Зошто велите дека Max ќе биде подобрена платформа?

1. Знаеме дека за да го придобиеме вниманието на публиката со сите овие одлични содржини, ние мора да им овозможиме на корисниците да стекнат уникатно искуство на платформата.
  • Двојно повеќе содржини: Max ќе понуди двојно повеќе содржини во споредба со HBO Max.
  • Персонализирано искуство: Max ќе им овозможи на претплатниците посебно, кориснички насочено искуство. На тој начин, претплатниците ќе може да одберат сопствено патување на платформата благодарение на големиот број опции за прилагодување.
  • Моќна платформа: Max поврзува уникатна и единствена понуда на содржини со моќна и стабилна платформа.
  • Едноставно користење: Стриминг искуството на Max е креирано така што го прави секој чекор при навигација на платформата лесен и едноставен.
  • Po Детска средина: Простор специјално дизајниран за деца каде може да се забавуваат и да учат преку содржини прилагодени на возраста и специјална родителска заштита со Пин што им овозможува на родителите контрола на пристапот на децата до Max.